Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: Приведени тројца бугарски државјани на Деве Баир кои се обиделе да ја нападнат полицијата

/

пред 1355 дена

Сподели преку :

Дополнителна нервоза кај Бугарите кои беа најавени да ја поминат границата предизвика падот на системот за контрола на патни исправи. На трите гранични премини системот не функционираше. На Деве Баир, се создаде колона од возила. Дел од Бугарите излегоа од возилата и се расправаа со полицијата, и се заврши со тројца приведени.

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна тројца бугарски државјани, информира МВР.

Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти Министерството.