Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР продолжува со имплементација на „Безбеден Град“

/

пред 286 дена

Сподели преку :

Не е украдена камерата од проектот „Безбеден град“ поставена во општина Сарај, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Точковски, демантирајќи информации што се појавија на социјалните мрежи.

-Не, не е украдена. За жал, има многу портали, Фејсбук и Инстаграм страници кои со лажни факти се обидуваат да привлечат внимание од различни интереси – политички, бизнис или други, рече Тошковски на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Азир Алиу.

Тој нагласи дека проектот „Безбеден град“ има силна поддршка од граѓаните и дека МВР ќе продолжи со неговата имплементација како дел од европските стандарди за безбедност.

–Во тест периодот видовме дека и само со опомени, без казни, граѓаните придонесуваат за спасување човечки животи. Во 2024 година на територија на СВР Скопје имавме пет жртви во сообраќајни несреќи, а во декември 2025 година немавме ниту едно починато лице. Тоа е заслуга на граѓаните кои решија да го забават управувањето со возилата, истакна министерот.