Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: Учениците кои сакаат да се запишат во Средно полициско училиште нема потреба да се отпишуваат од нивното матично училиште

/

пред 89 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи ги повика учениците кои ќе аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште да не се отпишуваат од училиштата во кои моментално посетуваат настава.

Од МВР информираат дека кандидатите кои завршиле прва и втора година во средните училишта низ државата треба да ги достават потребните документи во оригинал или како копии заверени на нотар.

„Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата, не треба да се отпишуваат од истите во процесот на аплицирање и селекција“, соопшти Министерството.

Оттаму појаснуваат дека со кандидатите кои ќе бидат примени, односно со нивниот родител, старател или законски застапник, ќе биде склучен договор за школување, со кој понатаму ќе се регулираат процедурите и обврските кон училиштата во кои учениците досега се школувале.

МВР апелира заинтересираните кандидати при аплицирањето да ја следат пропишаната документација и да ги достават сите потребни документи во предвидената форма.