Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР веднаш да го најде сторителот бара Галетановски, чие возило вчера било запалено

/

пред 404 дена

Сподели преку :

Запалено возило во скопската населба Аеродром предизвикало пожар во кој биле зафатени уште два автомобили, соопшти СВР Скопје.

  • Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47) од Скопје.

На Фејсбук, Ѓорги Галетановски напиша дека неговото возило е целосно изгорено.
„Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал. Секоја чест на пожарникарите, што пристигнаа за 3 минути, и пламенот не ги зафати куќите. Апелирам до министерот, и до Министерство за Внатрешни Работи и надлежните најскоро да го најдат сторителот, не поради финансиска загуба, поради мирен живот во Скопје и цела држава на сите граѓани“, пишува Галетановски. Тој потсетува дека има сејф сити и камери окулу и дека се надева дека мирот ќе биде вратен.

 

СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски, МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.

  • Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи, велат од СДСМ.

Опозицијата бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат.

Инаку, Ѓорги Галетановски – Чомбе е претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина.