Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух (ДАМСКАВ), во периодот од 10 до 12 септември не се регистрирани надминувања на граничните вредности за штетните гасови SO₂, NO₂, CO и O₃ во Скопје, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Од таму додаваат дека сепак забележано е благо надминување на среднодневната гранична вредност за ПМ₁₀ честички (50 μg/m³):
Во Лисиче на 10 септември, со концентрација од 55.93 μg/m³, особено во вечерните и ноќните часови (од 19:00 до 02:00);
Во Центар на 11 септември, со вредност од 50.41 μg/m³.
Инаку, повеќето мерни станици покажуваат релативно ниски вредности на ПМ₁₀, со исклучок на Лисиче, каде што загадувањето е повисоко во ноќните и утринските часови, а се намалува во попладневните часови, велат од министерството.











