Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јакимовски за пет месеци потпишал над сто одобренија за градба, Муцунски – 50

/

пред 1584 дена

Сподели преку :

Продолжува кспанзијата на високоградби во Скопје. Само еден ден откако Државниот завод за статистика објави дека 59.300 станови во главниот град зјаат празни, Иницијативата О2 објави податоци дека само во пет месеци, од ноември до март годинава, откако новите градоначалници на скопките општии седнаа во фотелјите потпишале вкупно 355 доволи за градби, со вкупно 1.989 станови. Нивните претходници пак, последниот месец пред да ја напуштата функцијата, во октомври, потпишале 275 довозли за градби со 1.738 стана во нив. Најмногу дозволи за градба во тој еден месец потпишал тогашниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, дури 160 со 1268 стана. Простата математика покажува дека во 20-те работни денови во октомври тој дневно потпишувал по осум дозволи. Во неговата ооштина во тој момент имало над 4.400 празни станови.

Од новите градоначалници во првите пет месеци од мандатот најмногу одобренија потпишал градоначаникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, дури 112, за вкупно 382 стана. Двојно помалку одобренија за градба издал неговиот колега од Аеродром, Тимчо Муцунски – 50, но двојно повеќе станови од оние што ќе се изградат во Карпош. Аеродром ќе добие нови 792 стана. Инаку во Карпош, според пописот од септември минатата година, има 10.000 празни станови, додека во Аеродром ненаселени се повеќе 8.500 стана.

Советничката во општина Карпош од Иницијативата О2, Татјана Стојановска, за Телма вели дека состојбата со новите градби станува алармантна правејќи ја општината се повеќе нехумана за живеење.

„Во Карпош моментално имаме ситуациија каде што многу голем дел од ДУП-овите се укинати и не се донесени и не се валидни. Замислете што ќе се случи во Карпош кога тие ДУП-ови се ќе донесат. Најголем проблем, како советник, кој што го гледам, е во самата процедура на носењето на тие урбанистички планови. Општината е поставена во ситуација да мора да бара конкретен иницијатор за таков детален урбанистички план. Така што, навистина мислам дека мора да се промени тој начин на носече на деталните урбанистички планови. Значи не можете да оставите само на сопствениците на земјиштето да иницираат урбанистички планови“, вели Стојановска.

Според неа решението мора да се бара во други начини на финансирање на општините, а доколку се инсистира на градба тие да бидат надвор од централни подрачја на општината.

„Финансирањето не мора да биде само преку градби. Кај нас е тоа најлесно, тука најбрзо, најлесно се земаат пари и општината не е многу обврзана. Па не е ни баш така финансиски  исплатливо вие да носите дозволи за нови градби, затоа што на тие нови градби треба да им овозможите многу други инфраструктурни моменти, кои баш и никогаш не се 100 проценти исполнети“, вели Стојановска.

Освен Карпош и Аеродром, во издавање на дозволи з аградби и висококатнбици не заостануваат ниту другите скопски општини. Па така Газибаба ќе се прошири со нови 230 станови со 62 одобренијата што ги потпишал новиот градоначалник Бобан Стефковски. Општината која неколку години имаше мораториум за градби ќе се зголеми со 32 градби и 116 стана, одобрени од градоначалникот Горан Герасимовски. Градоначалникот на Чаир, висар Ганиу, потпишал 18 одобренија за градење, но со 140 станови, а осум стана повеќе од Сарај – 148, ќе добие Кисела Вода, со 15 одобренија што ги издал градоначаникот Орце Ѓорѓиевски. Само едно одобрение потпишал старо-новиот градоначалник на Шуто Оризари, со 56 стана.

Старо-новиот градоначалник на Сарај, Блерим Беџетити, иако во петте месеци од новиот мандат потпишал 29 одобренија за градба со 108 стана, само во октомври на крајот од претходниот мандат ставил потпис уште 18 градби со 72 стана.

Во послендиот месец од својот мандат освен рекордните 160 во Ѓорче Петров, во општина Центар се даде 31 дозвола со 131 стан, во Аеродром 16 со 118 стана, во Карпош 27. Во последниот месец од мандатот одобренија за градби не издале тогашните градоначалници на Кисела Вода и Шути Оризари.

Инаку статистиката покажува дека лани во целата држава се издадени 4.069 одобренија за градење, што е двојно повеќе од претходната година, 2020 кога биле издадени „само“ 2.837 дозволи. Од вкупниот број на одобренија 2.440 се за високоградби. Инаку на територијата на целата држава има над 307.000 празни станови.

Тамара Грнчароска