Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На Борче Марковски му е определена мерка притвор

/

пред 374 дена

Сподели преку :

Битолскиот суд ја преиначи одлуката и на осомничениот сопственик на фирмата „Марковски Компани“, Борче Марковски, му определи мерка притвор. Ова следува по поднесената жалба на обвинителството на изречениот куќен притвор за Марковски, во кое беше наведен ризикот од бегство на осомничениот, кој поседува значителен имот во странство.

  • „Обвинителството вложи жалба на одлуката на судот за куќен притвор и побара затворски притвор со цел да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на постапката“, соопштија од ОЈО Битола.

Марковски, вработени во неговата фирма, како и шестмина од поранешното раководство на РЕК Битола се сомничат за злоупотреби со тендерот за дислокација на погонски станици од рудникот Осломеј во рудниците во Битола вреден 106 милиони денари, односно 1,7 милиони евра.

Марковски компани е најголемиот тендерџија на РЕК Битола во изминатите години. Обвинителството сè уште чека официјално известување за конечната одлука по жалбата за куќниот притвор и на осомничениот раководител во РЕК Битола.

Што сè има добиено Марковски компани од РЕК Битола?