Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На двајцата поранешни владини секретари ќе им суди ист судија

/

пред 1430 дена

Сподели преку :

На двајцата поранешни владини секретари Мухамед Зекири и Драги Рашковски ќе им суди ист судија. АКМИС системот за двата предмети ја одреди Фанка Јанчулева – Михаиловска.

Зекири ќе одговара за склучување на договори без тендер за физибилити студии за приватизирање на АД Пошта и АД Железници откако кривичниот суд го прифати обвинителниот акт да му се суди за злоупотреба на службената положба.

Тој е обвинет дека го оштетил државниот буџет за околу 1милион и 400 илјади евра. Јанчулева – Михаиловска  ќе треба да го расчисти и случајот за спорниот софтвер за МВР за кој се товари поранешниот генерален секретар на Владата – Драги Рашковски, со обвинение дека го оштетил буџетот на државата за речиси 80 илјади евра.