Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За сексуална злоупотреба на малолетничка на обвинителна клупа седнаа група 13 осомничени, еден веќе признал вина

/

пред 1110 дена

Сподели преку :

Од затвроска ќелија на обвинителна клупа седнаа 13 осомничени за сексуална злоупотреба на малолетничка и изготвување на порнографски материјал. Денеска се одржа првото рочиште, а според информации на Телма еден од обвинетите признал вина. Судницата беше отворена и за новинарите, но присуствуваа само до читање на обвинението. Обвинителот побара исклучување на јавноста  поради изнесување на експлицитни докази и приватни снимки. Поради сензитивноста на истрагата изјава не дадоа ниту адвокатите. Пред почетокот на судењето пред кривичниот суд дојдоа роднини и пријатели на притворените.

Јавен обвинител од обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција јануари годинава отвори истрага за овој предмет поврзан со  сексуално злоупотребување малолетничка и изготвувале порнографски материјал. Кога се отвори истрагата обвинителството објави дека 25 годишен велешанец излегол со малолетничката, ја снимал и потоа цела година и се заканувал да доаѓа и на други средби, во спротивно ќе ги објавел материјалите со интимна содржина. Тројца се обвинети за трговија со дете, дел од нив за силување а еден за детска порнографија.

За кривичните дела трговија со дете и полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку осум години, додека за производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.

Симона Петровска