Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На покана на Орбан, Мицкоски неколку дена со синовите во Будимпешта- ќе го гледаат Роналдо на мечот меѓу Португалија и Унгарија

/

пред 404 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски на Инстаграм објави фотографија со неговите синовите во ресторант во Будимпешта, Унгарија. Тој е таму веќе од вчера, 8-ми Спетември денот на државноста на Македонија, а вечерава ќе го гледаат фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Португалија и на Унгарија, што е дел од квалификациите за Светското првенство 2026 година.

  • Ретко сме заедно, уште поретко имам прилика да ја исполнам нивната желба. Овој пат ден поминат со Јован и Антониј. Заедно тројцата во Будимпешта, му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а утре Португалија и гостува на Унгарија во Будимпешта. На поканата на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и Антониј во Будимпешта. Се гледаме во среда кај Боби во Гази Баба на настан. Вечна Македонија, стои во објавата на премиерот на Инстаграм.