Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На сметката на ЕСМ легнаа 50 милиони евра од владата

/

пред 1493 дена

Сподели преку :

Педесетте милиони евра кои владата ги издвои за справување со енергетската криза денеска легнаа на сметката на АД ЕСМ, потврдија од компанијата за Телма.

Ова е прва трансакција од буџетот наменет за државните електрани за спраување со енергетската криза во претстојниот период, а која според сегашните проекции на владините експерти ќе ја чини државата околу 300 милиони евра.

Владата на седница на 31 август донесе одлука за одобрување на финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија.

Само во месец февруари кризата принудно ја натера Владата во неколку наврати да му исплати 58 милиони евра на државните електрани.

Кога ќе се стави се на збир, излегува дека во 2022 за првите два месеци беа потрошени 80 милиони евра од владиниот буџет.