Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На Западен Балкан му е потребен европски пат заснован на резултати, а не на постојано одложување, вели Муцунски

/

пред 115 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Состанокот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, со кој годинава претседава Бугарија испрати порака дека во услои на безбедносни и геополитички предизвици, хибридни закани, енергетска несигурност, проширувањето веќе не е само технички пристапен процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа.

Тој потенцираше дека на Западниот Балкан му е потребен европски пат заснован на резултати, а не на постојано одложување. Муцунски пред бугарските новинари изјави дека во Европа на 21. век идентитетите не треба да се градат преку негирање и напади врз другите, туку преку меѓусебна почит и прифаќање на различностите.