Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Национално координативно тело ќе бара решенија и ќе заострува критериуми за проблемите во високото образование

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Системски решенија и заострени критериуми за решавање на проблемите во образованието кои се таложат со години, најавија од Националното координативно тело за реформи во високото образование кое денес ја имаше првата конститутивна седница. Клучното прашање е како се доведовме во ситуација да имаме најголем број на универзитети, приватни и државни, во една толку мала земја, со најголем број на студиски програми, вели Грчева.

„Друга суштинска реформа на која што работиме е да ги заостриме условите, критериумите за напредување во наставно-научно звања. Ние имаме огромен број на редовни професори, затоа немаме и подмладок на факултетите, бидејќи целиот буџет се апсорбира кај овие повисоки звања на професори, кој што се унапредени со сомнителни резултати. Таквите професори ни оневозможуваат да ги развиеме програмите да речеме како Еразмус +“, изјава Солза Грчева, заменик претседател на  Националното координативно тело за реформи во високото образование

Со Националното координативно тело за реформи во високото образование раководи министерката Јаневска.

„Се договоривме дека еден од најважните моменти е Законот за високо образование на кој веднаш ќе почне да се работи. Очекуваме дека и понатаму конструктивно ќе работиме и дека од ова тело ќе произлезат значајните реформи кои се потребни на државата, но првенствено им се потребни на младите луѓе за нивната иднина“, изјава Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Во предлог буџетот за следната година се планирани 11 милиони евра, што е речиси двојно повеќе во споредба со буџетот за оваа година кое го има МОН за наука каде беа предвидени над шест милиони денари.

Нина Стефанова