Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Националното студентско тело бара зголемување на сумата на субвенционираниот студентски оброк да порасне на 150 денари

/

пред 415 дена

Сподели преку :

Националното студентско тело бара зголемување на сумата за субвенционираниот студентски оброк да порасне од 140 на 150 денари од следната година. Барањето го темалат на порастот на трошоците за живот во последниве две години- период кога сумата на субвенционираниот студентски оброк не е зголемена од 140 денари, но и согласно Законот.

  • Согласно член 2, став 1 од Законот за субвенциониран студентски оброк, износот на субвенционираниот студентски оброк се услогласува со инфлациската стапка после секоја фискална година , пред донесување на републичкиот буџет за следната година. Последен пат висината на сумата за субвенциониран студентски оброк се зголемила во 2023 година од 120 на 140 денари, рече Димитар Атанасовски, претседател на УСС при УКЛО-Битола.

Според претседавачот на Националното студентско тело, стапката на инфлација во Македонија лани изнесувала 3, 5%, согласно податоците од Народната банка и Државниот завод за статистика. Согласно проекциите на ММФ стапката на инфлација за оваа година ќе изнесува 3, 4%., а Народната банка проектира стапка од 3% за годинава. Па, според пресметките, висината на сумата за студентскиот оброк треба да порасне за 10 денари идната година, рече Александар Николовски. Тој ги кажа и пресметките за фискалните импликации врз буџетот.

  • Ако се земе предвид дека во просек околу 30 000 студенти во државата се корисници на мерката во текот на 9 месеци во една година, тогаш за ова зголемување потребни се дополнителни 70200, 000 денари или 1 141 463 евра годишно. Ова услогласување не претставува дополнителен привилегија, туку неопходен чекор за зачувување на реалната вредност на студентскиот оброк, кажа Александар Николовски , претседавач на Националното студентско тело.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, со одоговор дека пари во буџетот годинава нема за зголемување на студентскиот оброк, но ќе се заложи за зголемување од следната година.

  • Во овој момент не можам да гарантирам затоа што буџетот на министерството за образование зависи од буџетот на државата. Но, секако дека ќе се залагам , доколку е можно и ова во идната година да биде остварено, рече Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Нашата реакција е за да се вкалкулира сумата за зголемување сега кога се прават пресметките за буџетот за 2026, дополни претседавачот на НСТ.

Сотир Трајков