Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

/

пред 908 дена

Сподели преку :

Над десет лица загинаа, меѓу кои осум се деца, во ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа. Мета беа јужниот град Рафа и бегалскиот камп Нусеират. Покрај цивилните жртви, причинета е и голема материјална штета. Според министерството за здравство во Газа, во последните 24 часа загинале вкупно 32 Палестинци, а 69 се повредени.

Израелската војска потврди дека продолжува со пресметката со оперативците на Хамас и оти нејзините воздухопловни сили извршиле удари врз 25 цели во енклавата.

Високи воени израелски претставници соопштија дека се елиминирани борци и уништена е инфраструктура на палестинската милитантна група во Кан Јунис и во централниот дел на Газа. Според него, таргетирани биле ракетни фрлачи, згради во кои се собирале вооружени луѓе складишта со оружје и подземни локации.

Од Хамас, пак, соопштија дека добиле официјален одговор од Израел на најновиот предлог за прекин на огнот и оти добро ќе го проучат пред да излезат со официјален став. Тие предлагаат мировно решение со независна палестина држава за возврат ветија распуштање на военото крило и трансформација на милитантната група во политичка партија.

Но, она што е повеќе од јасно е дека и по шест месеци од војната во Газа, преговорите остануваат во ќорсокак додека Хамас инсистира дека секој договор што ќе се постигне, ќе мора да значи крај на војната.

Сашко Димовски