Холандската полиција соопшти дека над 200 лица се приведени ширум земјата за време на немирите на новогодишната ноќ во кои беа повредени неколку десетици полицајци.
Полицијата ги осуди „сериозните инциденти и неприфатливото насилство“, додавајќи дека во неколку градови полицајци биле нападнати со пиротехнички средства и камења, пренесува „Ројтерс“.
Полицијата во Ротердам соопшти дека во тој град биле запалени повеќе од сто возила, додека единиците за задушување на немирите ги растерале насилните демонстранти во Амстердам, Хаг и други градови.











