Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 5.600 луѓе се убиени минатата година на Хаити во насилства на бандите

/

пред 651 дена

Сподели преку :

Повеќе од 5.600 луѓе беа убиени минатата година на Хаити, каде има насилства од бандите, што е зголемување за повеќе од 20 отсто споредено со 2023 година, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на ОН.

Како што се наведува, во насилствата истовремено биле повредени повеќе од 2.200 луѓе, а речиси 1.500 биле киднапирани.

Меѓу убиените се двајца новинари и еден полицаец кои настрадале во пукотница во пресрет на Божиќ додека чекале на долго најавуваното повторно отворање на најголемата јавна болница, која била затворена поради насилствата на бандите.