Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 70 загинати во насилството по убиството на нарко-босот „Ел Менчо“

/

пред 228 дена

Сподели преку :

Најмалку 74 лица загинаа во Мексико, вклучувајќи и 25 припадници на Националната гарда, во операцијата во која беше убиен водачот на картелот „Ел Менчо“ и во насилството што следуваше, соопшти синоќа министерот за безбедност Омар Гарсија Харфуч.

Владините трупи се обидоа да го уапсат нарко-босот, чие полно име е Немесио Осегуера Сервантес, во западната држава Халиско во неделата. Осегуера бил ранет и починал додека со авион го пренесувале кон Мексико Сити, што предизвика насилна реакција од картелот.

Осомничени членови на картелот на Осегуера, „Нова генерација на Халиско“ (ЦЈНГ) палеа автомобили во неколку сојузни држави и блокираа бројни патишта. Тие исто така нападнаа банки, бензински пумпи и продавници.

Според владата, ситуацијата вчера била вратена под контрола.

Хаосот предизвика загриженост за способноста на Мексико да биде кодомаќин на претстојното Светско првенство во фудбал, кое треба да почне во јуни.