Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои пет жени и две деца, во израелски напад чија цел беше станбена зграда во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа. Убиените и повредените се пренесени во болницата Ал Акса во Деир ал Балах.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека повеќе од 30 илјади луѓе се убиени, а најмалку 71 илјада се повредени од избувнувањето на војната во октомври. Жените и децата заедно сочинуваат три четвртини од убиените.
Војната започна на 7 октомври кога милитантите предводени од Хамас упаднаа во јужен Израел, по што земјата одговори на нападот со една од најсмртоносните и најразорните воени кампањи во поновата историја.
Околу 80% од населението на Газа од 2,3 милиони ги напуштило своите домови, а четвртина од населението се соочува со глад..











