Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Надлежните тврдат дека навремено се преземаат мерките за престојаната зима

/

пред 1543 дена

Сподели преку :

Земјава нема да остане ниту без јаглен, ниту без мазут. Иако, дел од експертите, но и oд опозицијата обвинуваат дека властите доцнат со подготовките и  дека неподготвени ќе ја дочекамe најтешката зима до сега, првиот човек на ЕСМ Ковачевски тврди дека сите мерки се преземени на време. Набавките на јаглен и мазут течат, и досега за ова се потрешени 55 милиони евра. Увоз на струја неколку месеци однапред не можело да се прави, а и немало потреба од тоа. Дополнителни количини ќе се купуваат ако се јави вонредна состојба.

Од опозицијата пак обвинуваат дека власта се однесува неодговорно и дека уште во мај, требало да се набават потребните енергенси.

Властитe пак, иако тврдат дека состојбата со струјата е стабилна, сепак упатија апел до граѓаните да се штеди.

Економскиот тим на  владата и РКЕ остварија средба и со бизнис секторот на која ги прифатија сите нивни барања за надминување на кризата. Ќе почнат да се реализираат од први август, кога ќе биде прогласена нова енергетска кризна состојба.

И експертите, и од бизнис секторот, веќе подголо време алармираат дека државата мора да направи кризен план за штедење, затоа што објектите кои треба да обезбедат струја за зимоска се стари и дотраени. Од Власта уверуваат дека имаат „план Б“, ако дојде до хаварии како што беше случајот со РЕК Битола минатата зима.

Ирена Чачкова