Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најава има, но не и датум за средба Мицкоски – Ахмети

/

пред 261 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во својата агенда ќе има место и за „тет-а-тет“ средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но засега без конкретен термин.

По завршување на лидерската средба пред два дена, лидерот на интегративците кажа дека одлучиле да се сретнат за да разговараат за теми како системот „Безбеден град“ и потребното двотретинско мнозинство за Законот за прекршоци, но и за Бадентеровото мнозинство во Уставниот суд.

Мицкоски посочи дека очекува измените во Законот за прекршоци да се изгласаат веќе на наредната собраниска седница и системот за сообраќајни прекршоци да стартува на 1 февруари.