Најмалку 16 лица загинаа за време на минувањето на ураганот „Џон“ оваа недела на брегот на Тихиот Океан во јужно Мексико, соопштија вчера претседателот и локалната цивилна заштита.
Бројот на загинати „е 15 лица“ во регионот Акапулко, изјави претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор. Уште едно лице загина во соседната држава Мичоакан, соопшти цивилната одбрана.











