Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО+ВИДЕО) Најмалку 17 загинати во поплавите во Централна Европа, најтешко погодени се Австрија, Полска, Чешка и Унгарија

/

пред 764 дена

Сподели преку :

Австрија, Полска, Чешка, Романија и Унгарија се најтешко погодени од бурата Борис која го зафати регионот предизвикувајќи големи поплави и материјална штета. Екстремните врнежи донесоа воден талог кој вообичаено би наврнал во период од неколку месеци. Дебел слој кал ги покри куќите и улиците на Клоџко. Сега кога водата се повлече, жителите се соочуваат со штетите.

Моето семејство ја има оваа продавница веќе 60 години. Прво баба ми, потоа татко ми и сега, во последните 15 години, јас. И вчера изгубив се, раскажува Евелина Коремба, менаџер на продавница.

Сè долу беше водено, до таванот. Овде водата беше до тука. Била толку силна што ја откорнала и затворената врата, вели Јулија Мајданска, ќерка на сопственик на ресторан.

Полската влада прогласи вонредна состојба откако неколкудневните дождови опустошија делови од југозападните региони на земјата. Премиерот Доналд Туск најави итна помош од 260 милиони долари за најтешко погодените региони.

Не сакам да застанам пред фактите, но не можам да ја исклучам можноста дека некако ќе ја доведеме шефицата на Европската комисија (Урсула фон дер Лајен) овде во Вроцлав во наредните денови, можеби дури и часови, за да се договориме и со свои очи да види колку се многу сериозни потребите и да почнат да размислуваат, за месеците пред нас да одвојат поголеми, поголеми финансиски средства, информираше полскиот премиер Доналд Туск.

Во регионот се пријавени најмалку 17 смртни случаи – седум лица во Романија, пет во Полска, три во Чешка и едно во Австрија.

Во Чешка ситуацијата е најлоша во два североисточни региони каде властите прогласија вонредна состојба, во близина на полската граница. Голем број на градови беа потопени, при што илјадници лица беа евакуирани.

Источниот дел од Романија се опоравува по неколку дена тешки врнежи од дожд.

Сè фрлате? Душеци, кревет?

– Сè, гардероби, сè, ни остануваат само ѕидовите!

„Гледајте, ѕидовите се рушат, се плашам повеќе да останам овде!

 Во Словачка, излевањето на реката Дунав предизвика поплави во областа на Стариот град на главниот град Братислава, а локалните медиуми објавија дека нивото на водата надминало 9 метри и се очекува дополнително да се зголеми.

Унгарија се подготвува за поплави во наредните денови. Предупредувањата се однесуваат на површина од над 500 километри од течението на Дунав. Реката се издигнува за околу еден метар на секои 24 часа.

Водостоите на реките во Хрватска растат, а во наредните денови се очекува доаѓање на нов воден бран и покачување на водостоите на Мура, Драва и Дунав.

Врвот на водениот бран се очекува за седум до десет дена.

Експертите велат дека временските непогоди кои ја зафатија Централна Европа се резултат на климатските промени.

Александар Петрески