Најмалку 18 лица загинаа во големи шумски пожари во Јужна Кореја, соооштија официјални претставници кои додадоа дека е нанесена штета без преседан.
Илјадници пожарникари се ангажирани од викендот за гаснење на пожарите на југоистокот на земјата. Нивната работа ја отежнува силниот ветар и сувото време.
Опустошени се илјадници хектари површина, а во пепел е претворен и древен будистички храм. Претставник на министерството за безбедност изјави дека 18 лица загинаа додека 19 се повредени од кои шест потешко.











