Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 22-ца загинати, а над 50 ранети во руски ракетен напад на железничка станица во Украина

/

пред 1519 дена

Сподели преку :

Најмалку 22 лица загинаа, а 50 се ранети во руски ракетен напад на железничка станица во местото Чаплино во централна Украина,.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски веста за нападот ја сподели во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН.

„Штотуку добив информација за пад на руска ракета на железничка станица кај Дњепропетровск, на вагони на станицата Чаплино. Се запалија четири патнички вагони“, рече Зеленски на почетокот на својот говор.

Нападот се случи додека Украина го слави Денот на независноста, со што се одбележува прекинот на врските со СССР во 1991 година. Земјата влегува во седмиот месец од војната со Русија која започна на 24 февруари.

Зеленски претходно рече дека Украина ќе се бори „до крај“.