Најмалку 24 лица загинаа во одвоени експлозии во простории на политичар во југозападен Пакистан, ден пред парламентарните избори. Првиот напад, во кој настрадаа најмалку 14 луѓе, се случи во округот Пашин, во провинцијата Белуџистан, во штаб на независен кандидат. Повредените се хоспитализирани, дел од нив се наоѓаат во критична состојба. Мета во вториот напад, исто така во Белуџистан, беше канцеларија на исламистичка партија, пришто настрадаа најмалку 10 лица. Сè уште никој не презеде одговорност за нападите.
Нападите се случуваат и покрај распоредувањето на десетици илјади припадници на силите на безбедност низ земјата, поради зачестените инциденти во Белуџистан, провинција која се граничи со Авганистан и Иран. Зад нападите најчесто стојат пакистанските талибани и распушетаната Ослободителна армија на Белуџистан.











