Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 60 лица загинаа во пожар во повеќекатница во Јоханесбург

/

пред 1146 дена

Сподели преку :

Најмалку 60 лица загинаа кога пожар ја зафати повеќекатната зграда во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, соопштија службите за итни случаи.

Портпаролот на службата за итни случаи изјави дека уште 43 лица се повредени во пожарот што избувна во претпладневните часови, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Најмалку едно дете е меѓу загинатите, рече портпаролот. Тој објасни дека зградата всушност била „неформална населба“ каде што бездомниците се преселиле барајќи сместување без никакви официјални договори за закуп.

Можеби во зградата живееле околу 200 луѓе, велат очевидци.