Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 7 повредени во напад на украински беспилотни летала врз рускиот регион Тамбов

/

пред 647 дена

Сподели преку :

Најмалку седум лица се повредени во напад со украинско беспилотно летало врз рускиот регион Тамбов во текот на ноќта, тврдат локалните власти.

Од видеоматеријалите кои се споделуваат на интернет се гледаат искршени прозорци и оштетени балкони во две петкатници во градот Котовск.

Вршителот на должноста гувернер на регионот Тамбов, Евгениј Первишов на својот канал Телеграм информира дека нападот предизвикал поголема материјална штета.

Паралелно руските сили бележат голем напредок на линијата на источниот фронт.

И Киев и Москва ги засилуваат борбите додека војната влегува во клучна фаза пред повторното враќање на функцијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп кој вети дека брзо ќе ја заврши војната.

Војната во Украина се ближи кон заокружување на третата година, а според случувањата на теренот ништо не навестува дека наскоро би можело да дојде до крај и договор за прекин на насилствата.