Најмалку пет лица ги загубија животите во поплави и одрони кои ја погодија Јабланица, на југот на Босна и Херцеговина, се неофицијалните информации кои ги објави „Дневни аваз“.
Подрачјата на Јабланица и Коњиц се погодени од тешка елементарна непогода, пришто се пријавени и бројни свлечишта.
Јабланица е целосно блокирана поради поплави по обилните врнежи. Куќите се поплавени, патиштата блокирани, а нема ниту сигнал за мобилната телефонија, објави порталот klix.ba.











