Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку седум загинати, неколку се водат како исчезнати – поплави во Грција, Турција и Бугарија

/

пред 1151 дена

Сподели преку :

Најмалку седум луѓе загинаа во поплавите кои ги погодија Грција, Турција и Бугарија. Меѓу загинатите и двајца туристи кои настрадаа во поројните дождови што зафатија кампот во северозападна Турција. Според турските власти уште четири лица се водат како исчезнати во провинцијата Кирк- ларели, во близина на границата со Бугарија. Во Истанбул силен дожд поплави улици и куќи во две населби, при што загинаа најмалку двајца.

Во Грција, полицијата го забрани сообраќајот во централниот град Волос, на планинскиот регион Пелион и одморалиштето Скијатос. Властите испратија предупредување до жителите од неколку области во централна Грција.

Посеверно во Бугарија, премиерот Николај Денков рече дека две лица загинале, а три се водат како исчезнати откако невремето предизвика поплави на јужниот брег на Црното Море. Излевањето на реките предизвика големи штети на патиштата и мостовите, а во делови има и прекин на електричната енергија.