Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку три лица се убиени во ракетен напад на Иран врз Израел

/

пред 476 дена

Сподели преку :

Најмалку три лица загинаа, а осум се повредени во ракетен напад изведен од Иран врз Израел рано утрово, соопшти израелската служба за итна помош Маген Давид Адом. Нападот траеше речиси два часа, при што беа активирани засолништата низ цела земја.

Тешко беше оштетена станбена зграда на југот на Израел. Нападите започнаа по 4 часот по локално време во Техеран, откако иранскиот министер за надворешни работи рече дека Иран ќе ги прекине нападите ако Израел ги запре своите воздушни напади.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Израел и Иран се согласиле на „целосен прекин на огнот“ што ќе се спроведе во наредните 24 часа, но засега не е јасно како најновите настани ќе влијаат врз тој договор.