Малолетничката бременост е во опаѓање, но бројките сè уште се високи.
Гинеколозите предупредуваат – младите имаат големи непознавања за тоа како да спречат несакана бременост, или да се штитат од сексуално преносливи болести.
Во 2020 година имало 18 пациентки коишто биле родилки, под петнаесетгодишна возраст.
Најмалото девојче со абортус е на возраст доволна за седмо одделение.
„Најмалата малолетничка којашто имала абортус кај нас е на тринаесетгодишна возраст, што е поразителен факт. Тоа треба да се објасни. Тука најверојатно улога игра сексуалното образование во училиштата, коешто треба да придонесе ЗА ситуацијата да се подобри. Со првата менструација може, но и не мора да се воспостави овулација, меѓутоа секоја жена/девојка може да остане бремена“ вели Доц. д-р Глигор Тофоски, ГИНЕКОЛОГ.
„Во 2020 година има осумнаесет пациентки под петнаесетгодишна возраст коишт биле родилки. Во проценти, од вкупната бројка на породувања за 2020 година, некаде околу 4,9% од новороденчињата се на трудници коишто се на возраст од петнаесет до деветнаесет години“ посочува д-р Ана Данева – Маркова, гинеколог.
Бројките од ординациите се поразителни.
Голем дел од жените не одат на редовен годишен преглед, а речиси половина од нив немаат ниту избрано матичен гинеколог.
Најкритична е состојбата на истокот од земјата.
„За жал, бележиме двојно намалени услуги за антенатално здравје или здравствени услуги кои подразбираат редовни прегледи особено во првите три месеци во бременоста, а тоа е во голем дел важно особено за сите оние компликации коишто може да се јават понатаму во бременоста“ изјави д-р. Ана Данева – Маркова, гинеколог.
Гинеколозите велат дека европскиот стандард е – на шест илјади жени, да има еден матичен гинеколог.
Доктори има, кадарот може да ги покрие потребите по региони.
Проблем е апаратурата, не секаде има опремени ординации за да извршат дури и оние најбазични гинеколошки прегледи.
Петар Догов











