Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Најн“ за „Таурус“ – Бундестагот отфрли Резолуција за испорака на ракети со долг домет за Украина

/

пред 952 дена

Сподели преку :

Мнозинството пратеници во Бундестагот денеска гласаа против новата резолуција на најголемата опозициска пратеничка група ЦДУ/ЦСУ со која се бараше Германија да испорача крстосувачки ракети со долг домет „Таурус“ за Украина.

За отфрлање на резолуцијата гласаа 495 парламентаци од 690 присутни, 190 гласаа против, а пет беа воздржани. Состанокот го пренесуваа локалните ТВ канали. На гласањето му претходеше едно и пол часовна дебата за предлогот на конзервативната опозиција, пренесува Укринформ.

Пратениците од редовите на „зелените“ и „либералите“, кои се дел од владеачката коалиција, во своите настапи, воглавно, ја поддржаа идејата за испорака на ракети со долг домет за Украина, но при гласањето ја почитуваа „коалициската“ дисциплина и заедно со Социјалдемократската партија гласаа против.

Против беа и десничарската „Алтернатива за Германија“ и „Левица“ кои во повеќе наврати повикаа на прекин на испораките на било какво вооружување на Украина за да се отвори пат за мировни преговори.