Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нападот на Иран ги вивна цените на нафтата

/

пред 749 дена

Сподели преку :

Цените на нафтата скокнаа по нападот на Иран врз Израел.Нафтениот пазар досега се обложуваше на сценариото на воздржаност од сите страни.

Во пресрет на иранскиот напад, суровата нафта од типот „брент“ поскапе за дури 5 отсто во текот на денот на повеќе од 74 долари за барел, додека американската сурова нафта поскапе за 4 отсто на 71 долар за барел.

Одржувањето на цената на нафтата на безбеден дофат од 80 долари за барел покажува дека пазарот не очекува Техеран дополнително да ја повлече низата. Сепак, никој не може да биде сигурен во „рационалните потези“ на теократскиот режим кој се чувствува понижен.

Порастот во последните 24 часа јасно открива загриженост, иако засега се избегнува паника. На патот на понатамошниот раст стои намерата на Саудиска Арабија да пумпа повеќе сурова нафта на пазарот со цел да го обезбеди својот удел, дури и по пониски цени. Тоа не значи дека нафтата ќе остане евтина, без оглед на случувањата на Блискиот Исток.