Огромна штета е направена во Основното училиште „Ванчо Прќе“ во Штип поради што наставата денеска не ни започна. Според првичните информации, едно лице околу полноќ влегло од задната страна на училиштето, се качило на вториот кат и уништило голем дел од таблите, компјутерите, а потоа со спреј испишало недоличини пораки.
Утринава родителите добиле известување од училиштето дека настава нема да има поради оправдани причини.

Походот го продолжил и на третиот кат каде исто така е уништен поголем дел од инвентарот.
„Лицето влегува од страна на фискултураната сала, таму се задржува извесно време, не сакам да дадам колку време, бидејќи не сакам да дадам неточен податок. Потоа влегува во просториите каде што се учениците, каде се одвива наставата. Штетата е нанесена во делот од преметна настава, во поголемиот дел од кабинетите. Штетата е материјална проценката се уште трае и увидот. Нанесени се содржини со спреј на ѕидовите, на клупите, смарт табли, на таблите во училниците. Се работи за голема материјална штета“ рече директорот на училиштето Радев.
Радев вели дека според камерите инасталирани во училиштето лицето околу полноќ влегло во училиштето.
„Една камера е испрскана со спреј. Но и самата таа камера додека трае тоа покривање на камерата со спреј го снима, во неколку пати се обидува, таа е високо посатвена за да конечно успее“,рече Радев.
Тој се надева дека во наредните три дена ќе се адатпираат предметните кабинети за настава во училиштето, со што од понеделник би почнала редовната настава.











