Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НАТО министрите се собраа во Шведска

/

пред 136 дена

Сподели преку :

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО пристигнаа во Шведска на дводневен состанок посветен на војната во Украина и идната улога на САД во европската безбедност. Средбата започна со состанок на Советот НАТО-Украина, на кој присуствуваше и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Главни теми на разговорите се воената и финансиската поддршка за Украина, зајакнувањето на одбранбените капацитети на Алијансата и подготовките за претстојниот самит на НАТО во Турција во јули.

На состанокот се очекува да пристигне и американскиот државен секретар Марко Рубио. Според дипломатски извори, министрите ќе разговараат и за барањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп европските сојузници да преземат поголем финансиски и воен товар во рамки на Алијансата.