Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 230 китови насукани на брегот на Тасманија

/

пред 1474 дена

Сподели преку :

Околу 230 китови се насукани на западниот брег на Тасманија.

Претходната група која се насука на блискаѕа плажа Оушн најверојатно е претходница и се претпоставува дека најмалку половина од китовите преживеале, соопшти во средата Одделот за природни ресурси и животна средина на Тасманија.

Одделот соопшти дека тим од Програмата за зачувување на морето подготвува опрема за теренско спасување на китовите.

Спасувачите првин полеваат морска вода врз китовите кои се длабоко на плажата каде се насукале, а потоа со механизација ги враќаат во океанот.

Причините за ваквите еколошки епизоди на китовите се непознати.

Пред две години, околу 470 китови со долги перки беа пронајдени во близина на западниот брег на Тасманија во најголемото масовно насукување досега во Австралија.

По еднонеделни напори, 111 од тие китови беа спасени, но останатите умреа.