Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повторно сериозен пораст на заболени од карцином на бели дробови, нови 6 илјади болни за една година

/

пред 195 дена

Сподели преку :

Во 2025-та година во Македонија се регистрирани 50.183 пациенти заболени од рак на бели дробови, покажуваат податоците на Управата за електронско здравство.

Ланската е прва година во која бројот на заболени од карцином на бели дробови надминува 50 илјади пациенти.

За една година, црната бројка е зголемена за околу 6 илјади односно за 13,2%. Истата тенденција на раст е забележана и претходната година. Во 2023-та година биле регистрирани 38.492 пациенти заболени од рак на бели дробови, додека во 2024-та имало 44.301 пациенти.

Најголеми причинители за појава на канцер на бели дробови е пушењето, пасивното пушење, загадување на воздухот, вдишување на опасни материјали како азбест или испарувања на јаглен и во поретки случаи, наследни фактори.

Број на пациенти од карцином на бели дробови во Македонија (УЕЗ)

2023 година: 38.492

2024 година: 44.301  + 5.809  раст +15,1%

2025 година: 50.183  + 5.882  раст +13,2%