Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Навалнаја пред европратениците: Путин не може да биде поразен со ноти, резолуции и санкции – бидете иновативни, а не досадни ако сакате да го победите

/

пред 969 дена

Сподели преку :

Јулија Навалнаја во денешниот говор во европскиот парламент изрази загриженост дека руската полиција би можела да апси за време на погребот на нејзиниот покоен сопруг Алексеј кој е закажан во петок во Москва.

Навални почина на 16 февруари во казнена колонија на Арктикот, додека отслужуваше 19-годишна затворска казна поради обвиненија за екстремизам кои ги отфрли како политички мотивирани.

За неа не постои дилема за виновниците за смртта на Алексеј Навални. Прстот го впери во руските власти, на чело со претседателот Владимир Путин, со кои една недела се бореле за преземање на телото. На европратениците им порача дека Путин не може да биде поразен со дипломатски ноти, резолуции и санкции, туку со иновативни акции и финансиски истраги.

Од говорницата на европскиот парламент истакна дека Европа има сојузници во Русија во десетици милиони Руси кои се против Путин и вети дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг.