Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НБРМ: Трите најголеми банки најавуваат поевтини платни услуги

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави дека трите најголеми банки во Македонија наскоро ќе објават нови тарифници со пониски надоместоци за платни услуги.

Ова е резултат на активниот дијалог меѓу Народната банка и банкарскиот сектор, насочен кон унапредување на пристапот до поефикасни и поевтини финансиски услуги за граѓаните.

Како дел од реформите, Народната банка неодамна направи промени во функционирањето на системот за меѓубанкарски порамнувања – МИПС, со што значително се намалија оперативните трошоци на банките.

Според гувернерот Славески, тие заштеди сега ќе бидат пренесени и на клиентите преку пониски надоместоци.

Народната банка најавува натамошна поддршка за конкуренцијата и модернизацијата на платниот систем, како и за градење регулаторна рамка што ќе овозможи подобри и подостапни финансиски услуги за сите граѓани и компании.