Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не ја турнал со раце, но Стојанче ја довел Ивана во безизлезна состојба- обвинителката бара максимална казна

/

пред 159 дена

Сподели преку :

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара максимална казна за сите три кривични дела за кои е обвинет Стојане Јовановски по падот од тераса на неговата сопруга Ивана и нивната шест годишна ќерка Катја.

Јовановски е обвинет за нанесување телесна повреда како резултат на семејно насилство, загрозување на безбедноста и наведување на самоубиство.

„Обвинителството предлага максимална казна за сите три кривични дела, не само заради Ивана и Катја, туку и како порака до општеството дека физичкото насилство не смее да се толерира”, рече обвинителката.

Според неа, големиот број на докази покажале дека физичката и психичката тортура врз Ивана како и нејзиниот постојан страв дека ќе остане без својот дом и без нејзината ќерка, резултирале со нејзиното самоубиство.

  • „Обвинетиот не ја турнал од балконот со рацето, но доказите покажуваат дека ја довел во состојба во која таа повеќе не можела да види излез. Последицата е директен резултат на неговото насилство”, посочи обвинителката во завршните зборови пред судот.

Марија Митевска