Раководството на рудникот „Тораница“, фирмата „Булмак 2016“, ги отфрла тврдењата на градоначалникот на Крива Паланка дека ја загадиле водата во Крива Река.
Обвинувањата ги нарекоа шпекулации. Покажаа анализи кои, како што тврдат, покажуваат дека водата од рудникот не ја загадила Крива Река со тешки метали.
Прес-конференцијата на компанијата во Крива паланка ја следеше колешката Симона Петровска.











