Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не можеле да се усогласат со црвените линии – Монако ги прекина преговорите за асоцијација со ЕУ

/

пред 1141 дена

Сподели преку :

Владата на Монако објави дека ги прекинува преговорите со Европската унија (ЕУ) за Договор за асоцијација што почнаа во 2015 година.

„На вчерашната средба во Брисел меѓу претставници на ЕУ и Монако, „учесниците постигнаа взаемно разбирање за неможноста да се усогласат барањата на ЕУ со црвените линии што ги истакна“ принцот Алберт Втори во 2015 година“, се вели во соопштението.

Соочена со неверојатни цени на недвижностите на оваа мала територија на брегот на Средоземното Море (до 120.000 евра за метар квадратен во најпрестижните населби), владата дава финансиски стимулации за 9.000 граѓани за да можат да останат во земјата со население од 40.000 жители.

„Ова е неопходно за „да се обезбеди одржување на сегашните услови за живот, работа и домување на граѓаните и жителите на Монако“, се вели во соопштението.

„Во овој контекст, двете страни се согласија дека во рамките на актуелниот мандат на Европската комисија нема услови за склучување договор и се согласија да ги прекинат преговорите“, заклучи владата на Монако.