Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не сакаат евро, сакаат да остане левот – демонстрации во Софија на десничарската „Препород“, запалена влезната врата на зградата на ЕУ

/

пред 604 дена

Сподели преку :

Неколку илјади симпатизери на бугарската десничарска партија „Препород“ се судрија со полицијата во Софија додека се обиделе да влезат во зградата на Европската Унија за време на протестите против плановите на земјата да го воведе еврото наредната година.

Демонстрантите извикуваа „Оставка“ и „Не за еврото“, фрлаа црвена боја, петарди и молотови коктели врз зградата на ЕУ во Софија, запалувајќи ја влезната врата пред да бидат потиснати од полицијата.

Шест лица се приведени, а околу 10 полицајци повредени, објави висок полициски службеник.

Владата ги осуди нападите врз зградата на ЕУ, нарекувајќи го инцидентот „неприфатлив и во спротивност на начелата на владеење на правото“.

Протестите почнаа пред Бугарската централна банка во Софија, а демонстрантите запалија слики на претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард и други функционери. Дел од демонстрантите вееја знамиња на Бугарија, на Советскиот Сојуз и на Источна Германија додека други носеа натписи „Не сакаме евро“, баведува „Ројтерс“.

„Не сакаме уништување на бугарската финансиска независност. Сакаме да го задржиме бугарскиот лев. Тука сме за одбрана на својата слобода“, изјави Костадин Костадинов, лидер на „Преродба“.

Новата бугарска влада, која беше изгласана минатиот месец по предвремените избори, повторно ја потврди посветеноста на земјата за придружување на еврозоната во 2026 година. Премиерот Росен Желјазков рече дека државниот буџет за 2025 година ќе одреди дефицит од 3 отсто, отворајќи пат за воведување на еврото од 1 јануари во 2026 година.