Екс претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска се произнесе дека не се чувствува виновна за делатa за кои е обвинета дека оддала службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во „Адитив“, но и дека ревизорот Столевски во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“.
„ Ја разбирам содржината на обвинението и не ги признавам делата, не се чувствувам виновна и мислам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета“, рече Димитровска.
Не се чувствуваат виновни ниту другите двајца обвинети, ревизорот Миле Столевски како и обвинетaта, Билјана Петровска Мантева.
Судењето продолжува со изведување на докази.
Екс претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска седна во обвинителна клупа











