Во лоша здравствена состојба и по 10 дена поминати на Клиниката за онкологија, денеска по примената хемотерапија Лидија Стефановска директно дојде во градскиот парк на соочување со министерот Меџити. Од него ги побара потребните лекови за кои таа собирала донации и ги набавувала во странство, но и повеќе доктори бидејќи вели нема кој да им помогне на пациентите. Министерот и рече дека не бега од одговорност.
„Поради големата гужва на онкологија, поради големиот број на пациенти, докторите немаат време да ни посветат внимание. И се случи тоа што се случи. Добив рицидис на коски, па потоа добив рицидис на мозок, а на мозокот го добив поради немање на терапија. Бидејќи терапијата ја немаше тоа беше од посебниот буџет и ја немаше за сите пациенти, само за одреден број на пациенти“, рече Лидија Стефановска, пациенка на онкологија
„Јас сум осум месеци министер. Не бегам од одговорност, но секогаш ќе бидам тука заедно со вас. Затоа што јас од министерство пак ќе се вратам на неврологија и ќе лекувам и ќе дијагностицирам пациенти со вакви тешки дијагнози. Но, тоа што е важно во моментов навистина сите заедно, тоа ми се допадна кога рековте дека сте дисциплинирана. Но, верувајте, мораме да бидеме автокритични. Крајно време е 21 век да не се оди на контрола, тоа навистина е срам“, Фатмир Меџити, министер за здравство
Во градскиот парк денеска се одржа настан под мотото „Трка за лекот, розов Октомври во Ноември“ за да се подигне свеста за ракот на дојка кај јавноста. Статистиката покажува дека осум до 10 мажи годишно во Македонија имаат рак на дојка, додека бројката кај жените расте. Македонија е на трето место во Европа со оваа малигно заболување. Пациентите ја изгубија доверба во Онкологија, бараат да се открие кој точно си играл со нивните животи.
„Меѓу главните причини за појава на канцерот е стресот, а со немањето на термини ние сега доживуваме стресови колку сакате. Знаете јас овој месец секој ден се пипкам и мислам што ќе излезе кога ќе го добијам тој термин. Дали ако е тоа сега во некоја фаза ќе се влоши“, вели Зорица Аздиевска, пациентка на онкологија.
„Секојдневно доаѓаат жени кои што се засегнати од оваа болест. За жал многу од нив се уште се чувствуваат стигматизирано, се чувствуваат виновни поради болеста и се обидуваат тоа да го скријат. Тоа е главен проблем. Соочувањето на болеста од оди потешко кога сам се бориш. Никој не треба да се бори сам“, изјави Радмила Ханџиска од „Медикус хелп“.
Во петокот се одржа последното сослушување во Анкетната комисија во Собрание, а Рашела Мизрахи побараа продолжување на рокот за работа. Министерот Меџити денеска рече дека не треба да се одолговлекува овој процес и да не се користи за дневно политички поени. Неколку месеци по откривање на скандалот на онкологија 40 лица сведочат пред обвинителството, а јавниот обвинител Љубомир Јовески ветува дека вистината ќе биде откриена.
Симона Петровска











