Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Недостиг на кадар во судството, без нови договори 200 службеници

/

пред 539 дена

Сподели преку :

Околу 200 судски службеници останале без работа бидејќи Министерството за финансии не дало согласност за продолжување на нивниот договор. Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски станува збор за судски службеници од целата држава чиј договор им истекол на 31 март, а без потребниот кадар не може да има зајакнување на судството.

„Значи за секое вработување што судот го прави мора да добие согласност од Министерството за финансии. Ако веќе реформираме финансиска независност треба навистина таа да ја добие судството. Не за секое вработување ние да мора да добиваме согласност. И тоа оди бавно. Некогаш не добиваме согласност. Доаѓаме во ситуација да имаме алармантен недостиг на кадар“, вели Камбовски.

Секоја година има се повеќе предмети, а помалку кадар, вели претседателот на Здружение на судии, Иван Џолев.

„Недостигот на судии, на судски служби и финансиската независност создаваат проблеми во смисла на кадровски решенија. Секоја година имаме се поголем број на прилив на предмети, а се помал број на судски службеници и судии. Едно со друго не оди. Ако сакаме судска ефикасност мора да се вложува со истото, да се инвестира, вработувања нови да имаме и да се дигитализира судството и итн“, смета Џолев.

А судската власт не ги добива ни определените 0,8 проценти од буџетот кои им следуваат, согласно законот, туку само 0, 38 проценти.

„Мислам дека ќе се сменат работите и дека тие средства во иднина ќе се обезбедуваат во судството и ќе се подобрат некои состојби“, додава Џолев.

Според Камбовски, во судството треба да има реформи, но не преку оставки.

„Доколку сакаме навистина некоја реформа да направиме, реформата се прави на друг начин со промена на законот, со намалување на мандат, со депрофесионализација на Судски совет, на  обвинителски совет, а само персонални промени нема да донесе ништо, која е гаранцијата дека новите членови кои ќе дојдат ќе бидат подобри“, порачува Камбовски.

Џолев додава дека Здружението на судии се става на располагање за спроведување на реформите во правосудниот систем и очекуваат активно да бидат вклучени во носењето на закони за подобрување на состојбите.

Марија Митевска