Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неформална средба на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и кандидатите за членство во Копенхаген

/

пред 411 дена

Сподели преку :

Процесот на проширување на ЕУ ќе биде главна тема на неформалната средба на министрите за европски прашања на 27-те земји членки на ЕУ и нивните колеги од државите од Западниот Балкан, Молдавија, Турција и Украина што денеска и утре ќе се одржи во Копенхаген.

Според најавата на Данското претседателство со ЕУ, главниот фокус на средбата ќе биде ставен на различните аспекти на проширувањето на Европската Унија под наслов „Од Копенхаген преку Копенхаген до Копенхаген“, при што ќе се направи осврт на процесот на проширување за време на претходните претседавања на Данска со блокот во 1993 и 2002 година, како и за договорените Копенхашки критериуми за членство од 2004 година.

Средбата започнува вечерва со неформална вечера на учесниците на собирот. Работниот дел од состанокот ќе се одржи утре со две работни сесии.

Првата сесија ќе биде посветена на значењето на Копенхашките критериуми за проширувањето на ЕУ, додека на втората на која ќе учествуваат само министрите на земјите членки на Унијата ќе стане збор за зајакнување на алатките на блокот за владеење на правото.

Состанокот ќе заврши со работен ручек на кој ќе стане збор за подготовките на ЕУ за понатамошниот процес на проширување, вклучително и за потребните внатрешни реформи во блокот.

Неформалните средби на ресорните министри на земјите членки се собири на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дискутира и за разменуваат мислења за одредени теми и прашања.