Јавното обвинителство поведе постапка против 28-годишен неготинчанец осомничен дека го демнел градоначалникот на Неготино Горан Стојанов од септември минатата година до минатиот месец.
Осомничениот за кривично дело демнење, преку „Вибер“ и „Фејсбук“, постојано му испраќал пораки, линкови и фотографии со заканувачка содржина на градоначалникот за да го принуди да издејствува повлекување во кривична постапка.
Против осомничениот се води кривична постапка за присилба, а судот му определил мерки за претпазливост, меѓу кои и забрана за воспоставување комуникација со оштетениот градоначалник. Но, и покрај тоа продолжил да му се заканува.
Сега, судот му определи притвор.











