Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неговата сопруга е ќерка на мој колега од факултет, недисциплина не толерирам – Мицкоски за притворот на член на неговото обезбедување

/

пред 153 дена

Сподели преку :

Тоа е уште еден доказ дека законот важи подеднакво за сите и тука нема никакви дилема, коментираше премиерот Христијан Мицкоски за притворот на член од неговото обезбедување поради тепање на сопругата.

„Ова е втор случај за лице од моето обезбедување каде што законот важи за сите, за разлика од минатото кога членови на обезбедување на претседателот тепаа граѓани, се изживуваа по дискотеки и минуваа неказнети, во овој случај гледате мал престап и веднаш системот функционира. Тоа е уште еден доказ и така и ќе продолжиме и во иднина. Недисциплина јас не толерирам, не само во рамки на моето обезбедување. За волја на вистината, тоа е припадник на претходницата која не ја гледам јас така често, а за волја на вистината, неговата сопруга е ќерка на мој колега од факултет“, изјави Мицкоски.

С.Д.